Неда Арнериќ, една од најголемите југословенски и српски актерки, наводно, вчеравечер повторно се обидела да се самоубие во нејзиниот стан во Врачар.
Според најновите информации, актерката била префрлена на ВМА. Најпрво завршила на токсикологија, каде што беа направени сите испитувања и анализи, а потоа, наводно, е префрлена на психијатрија.
Нејзиниот брат, загрижен за неговата сестра, во средата и дојавил на полицијата дека не одговорала на телефонските повици.
Полицијата, пожарникарите и браварот брзо стигнале до станот. Вратата била заклучена, а клучот оставен од внатрешната страна на клучалката. Браварот и пожарникарите влегле во станот и ја нашле Неда без свест.
Сепак, таа давале знаци на живот, а покрај неа, како што се наведува, имало лекови. Итно била пренесена во болница.
Да ве потсетиме, дека пред три години, под непознати околности, Неда падна од терасата на нејзиниот стан. Во таа прилика, таа претрпе повеќе сериозни телесни повреди, но сепак преживеа.