Таа е убавица во вистинска смисла на зборот. Манекенка, модел, мисица… се опробала и во ТВ водителството иако има диплома за сосема друга професија – дипломиран дефектолог!
Убавината кај неа би рекле оди по дифолт: лице за насловни страници, подложно и подобно за разни мејкап трансформации, продорени зелени очи, тело-вретено со пристоен волумен и однапред и одзади, природни гради, долги нозе „уз врат“, полни усни, бисер заби и насмевка од „милион долари“…
Па, има ли нешто што може да се одземе и додаде, освен она што не се гледа на прв поглед, иако и тоа го носи во себе: добрина, ведар дух, интилигенција, мила ѕвезда… Вакви раритети ретко се раѓаат.
Но, дали Емилија Розман отсекогаш изгледала вака? Одговорот е: И Да… и Не!
Една фотографија од детството ја потврдува тезата. Слатка како мед, со долга руса коса и истите оние зелени очи… само малку буцкаста со тажен поглед затоа што… нема веќе колачи?!
На фотографијата од детството која Емилија ја постирала на своите Инстаграм приказни самата напишала:
„Дебело дете“! Па и да е… е слатко, „да го изедеш“! Тоа било тогаш… А денес? Денес тоа слатко „дебело дете“ е најпосакуваната девојка во Македонија!
А, колачи? Нив ги нема повеќе! Има палачинки… За некогашното… „дебело дете“!