Радио Милева

Ирина Шајк се огласи по емотивниот настап на нејзиниот сопруг со Лејди Гага

Ирина Шајк се огласи по емотивниот настап на нејзиниот сопруг со Лејди Гага

Ирина Шајк, Бредли Купер и Лејди Гага се топ тема во сите светски медиуми. Обожавателите на Гага и славниот актер отворено навиваат тој да ја остави Ирина поради Лејди Гага, а на социјалните мрежи се создаваат и групи за Ирина и Лејди Гага.

Американските папараци убавта манекенка ја „уловија“ во автомобил со Бредли и изгледа нималу расположена.

Сепак, се огласи на Инстграм по доделувањето на Оскар и  се заблагодари на својот тим за убавина. Сепак, изгледа тоа никој не го интересираше, па објавите на убавата Русинка добија стотици коментари за наводната врска на Бредли со Гага.

Многумина отидоа далеку што ја сожалуваат Ирина, а некои ја охрабруваат да продолжи понатаму.

Потсетуваме, настапот на Лејди Гага и Бредли Купер на доделувањето на Оскарите се коментира од вчера, со оглед дека филмската двојка имаше емотивно интимен однос на сцената.

https://www.youtube.com/watch?v=xVx-zvCjUZU

To top