Мегафон

Елена ја дотера Јелена како цел живот да и е личен стилист, иако прв пат се гледаат па Розга блескаше во Скопје! (ВИДЕО)

Елена ја дотера Јелена како цел живот да и е личен стилист, иако прв пат се гледаат па Розга блескаше во Скопје! (ВИДЕО)

Големите ѕвезди, особено они регионалните најчесто имаат свој тим кој се грижи за нивниот изглед. Од гардеробата и обувките, преку накитот, шминката и фризурата… Сепак,  на честите настапи и патувања, менаџментот на ѕвездите секогаш не е во можност во своите трошоци да го вкалкулира и тимот задолжен за имиџот и изгледот на нивните ексклузивци, па нивната работа мораат да ја превземат некои други професионалци од истата област.

Така беше и вчеравечер, четврток, 21 декември кога хрватската поп дива Јелена Розга дојде во Скопје за да биде специјален гостин и да пее на предновогодишната прослава за вработените на една од најголемите македонски нафтени компании.

Како што е познато, хрватската „жена, мајка, кралица“ инсистира секогаш беспрекорно да изгледа во секој поглед, па затоа некој мораше да се погрижи и за нејзиниот изглед и фризура пред настапот во еден од најлуксузните скопски хотели во центарот на градот.

Изборот на менаџментот падна на скопскиот „Social Hair Salon“ чија сопственичка и мејкап артист и фризерски експерт Елена Николовска беше лично здолжена за изгледот на Розга. Иако се гледаат прв пат во животот, вештите раце и умешноста на Елена, направи хрватската поп дива да изгледа како кралица која блескаше на предновогодишниот настап.

Она што го посакуваше Јелена, без многу објаснување, како само со поглед да се разбираат, Елена и го приушти. Фризура и изглед доведен до совршенство. Како секојдневно да ја средува, чешла, фенира… Елена ја дотера Јелена како цел живот да и е личен стилист и фризер иако прв пат се гледаат, па Розга изгледаше дури и подобро отколку кога ја средува нејзиниот личен фризер!

Задоволството беше обострано… Особено она на пејачката која со видеопорака им се заблагодари на „Social Hair Salon“ и неговата сопственичка, за фантастично обавената работа, дискретно наметнувајќи ја препораката: „Ако тука можат најголемите ѕвезди, зошто не би можеле и вие“?

 

 

To top