Радио Милева

Ѓердан од 28 милиони: Лејди Гага го носеше дијамантот кој претходно беше на вратот на Одри Хепберн (фото)

Ѓердан од 28 милиони: Лејди Гага го носеше дијамантот кој претходно беше на вратот на Одри Хепберн (фото)

Популарната пејачка Лејди Гага целосно брилираше на 91-то издание на Оскар во Лос Анџелес. Освои статуетка за песната „Shallow“, која во филмот „A star is born“ ја пее заедно со актерот Бредли Купер, а за нивниот емотивен настап многу се зборува и пишува.

Имено, планетарно популарната Лејди Гага посвети внимание на секој детаљ на вечерта.

Носеше црн фустан од Александар Меквин, во стилот на 20-тите години.

Покрај нејзиниот беспрекорен изглед, внимание на сите им привлече скапоцениот ѓердан на нејзиниот врат вреден неверојатни 28 милиони фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Y A F A VINTAGE SIGNED JEWELS (@yafasignedjewels) on

Во прашање е Тифани, жолт дијамант од 128.54 карати кој славната стилска икона Одри Хепберн го носеше на филмот “Breakfast at Tiffany’s“, 1961 година.

фото: Guliver Getty Images, Инсатграм

To top