Шабан Шаулиќ во младоста се забавувал со Милена Плавшиќ, пејачка од Бања Лука.
Тоа била голема љубов и за малку да ја крунисаат со брак. Меѓутоа, тоа никогаш не се случило и никој не знае зошто.
Подоцна, Шаулиќ ја запознал Гоца со која се ожени и има две ќерки и еден син.
Со Милена останал во пријателски односи, а во 2001 година го снимале дуетот „Веруј ми“.
„Шабан и Милена многу се сакаа.Требаше да се венчаат. Тој беше популарен, а Милена на почетокот на кариерата.Што се случи никој не знае. Но, потоа тој ја запозна Гоца која плени со нејзината убавина и набргу се венчаа“ вели извор.
Кога ја прашале Милена за Шабан не сакала многу да зборува.
„Никогаш не сум зборува за тоа, нема потреба ни сега, во овој момент. Се што можам да кажам е дека ми беше драг колега. Жал ми е, што не ја исполни својата најголема желба, а тоа е да го ожени синот Михајло“ вели Милена.
фото: Дамир Дервишагиќ