Радио Милева

Убавата Србинка и холивудскиот актер блеснаа на црвениот килим на „Оскар“ (фото)

Убавата Србинка и холивудскиот актер блеснаа на црвениот килим на „Оскар“ (фото)

Синоќа во Долби тетарот во Лос Анџелес е одржано 91-то доделување на „Оскар“, а на црвениот килим меѓу останатите, се најдоа и холивудската ѕвезда Кристијан Бејл и неговара сопруга Сандра Сиби Блажиќ.

Кристијан Бејл и некогашната манекенка со српско потекло, родена во Чикаго, се во складен брак веќе 19 години,а двојката привлече големо внимание на церемонијата.

Сандра пленеше со својата убавина облечена во црно-бел фустан. Бејл, инаку беше во трка за Оскар за најдобра машка улога, но сепак титулата ја понесе Рами Малек.

фото:profimedia

Филмот „Човек во сенка“ во кој игра Кристијан Бејл, доби Оскар за шминка и фризура.

Инаку, неговата сопруга Сандра е родена 1970 година, дипломирала менаџмент на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а повремено работеше и како манекенка.

Со Бејл е во брак од 2000 година, а се венчаа во ЛАс Вегас и имаат ќерка.

To top