Сите очи вчеравечер беа вперени во доделувањето на филмските награди „Оскар“ во Лос Анџелес.
Годинава за првпат доделувањето на наградите од филмската академија немаа водител, а на сцената во оваа улога се појавија околу 13-тина актери на кои им прпадна честа да ги доделат статуетките.
Уште пред одржувањето на „Оскар“, беше јасно дека филмот „Green book“, со пет номинации и досегашна заработа од 127 милиони долари, ќе биде прогласен за најдобар филм.
За најдобар странски филм пак, беше прогласен „Рома“ на режисерот Алфонсо Каврон. Рами Малек е награден со златната статуетка за најдобра изведба во главна улога на Фреди Меркјури во филмот „Бохемиан Рапсоди“.
Актерот изјави дека не било лесно да го игра Меркјури, „хомосексуалец и имигрант“, и додаде дека и самиот е имигрант, бидејќи родителите му се Египќани, кои се преселиле во Калифорнија.
Најдобра актерка е Оливија Колман „The Favourite“, иако главен фаворит за Оскар во таа категорија беше Глен Клоуз (71) за „The Wife“. Актерката е седум пати номинирана за Оскар.
Во категориите за најдобар актер и актерка во споредна улога, наградите оваа година ги добија Махершала Али за „Green Book“ и Риџајна Кинг за „If Beale Street Could Talk“. Махершала Али пред две години доби Оскар во истата категорија, за филмот „Moonlight“.
Режисерот Спарк Ли, доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „BlacKkKlansman“. Ли во 2015-та година доби Оскар за животно дело, но овогодинешната награда му е прва во натпреварувачкиот дел.
Филмот „A Star Is Born“ со Лејди Гага и Бредли Купер, кој беше номиниран во неколку категории, доби Оскар за оригинална песна „Shallow“.