Радио Милева

Лоба, едноставно неодолива, a Александра Илиевска како домаќинка на „Саемот за венчавки“: Eве кои други познати Македонки облекоа венчаници (фото)

Лоба, едноставно неодолива, a Александра Илиевска како домаќинка на „Саемот за венчавки“: Eве кои други познати Македонки облекоа венчаници (фото)

Голем дел идни невести и младоженци пред кои е големата венчавка, вчера беа на отворањето на 9-от по ред „Саем за венчавки“ кој се одржува во хотелот „Александар Палас“. Интернет магазинот vobelo.com нуди интересна и интерактивна програма. Оваа година ќе има изложувачи и од Грција, Шпанија Италија и Србија и секако домашни дизајнери на венчаници.

Вчеравечер беше свеченото отварање со ревија на познатите во венчаници, додека денес и утре (сабота и недела)  ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, на наши креатори но и нови колекции на познати светски брендови ќе се представат кај нас оваа година.

фото:Инстаграм Милена Антовска со српскиот дизајнер Предраг Ѓукниќ

Домќин и водител оваа година е Александра Илиевска од кулинарското шоу „Брза Кујна“, која во претходните изданија на саемот ја видовме и како невеста на писта. Меѓу познатите Македонки повеќето беа пејачки, но и ТВ водителки. Некоја е за првпат во венчаница, а имаше и такви кои веќе биле невести на сопствената свадба.

фото:Принтскринин/инстаграм

Па така, имавме можност да ги видиме: Милена Антовска, Јана Бурческа, Зои Блаж, Сања Барби Цинцева, како и Викторија Лоба која со минималистичката венчаница која ја исцртува нејзината линија, освојува на прв поглед.

Доколку пред Вас е големиот ден, „Саемот на венчаници“ е вистинското место кое треба да го постетите.

фото:инстаграм Зои Блаж со саканиот

фото:инсатграм Сања Цинцева

фото:инстаграм Викторија Лоба

фото:инсатграм Јана Буреческа

 

To top