Откако многумина се изненадија со доаѓањето во Њујорк во поодмината бременост, Меган Маркл се обиде да биде во кругот на најблиските пријатели, но сепак папараците ја следат во чекор.
Меѓу 15-те гости кои се најдоа на забавата за доаѓањето на кралското бебе , беше и Абигаил Спенсер (актерка која заедно со Меган играше во Suits), дизајнерката Миша Нен, нејзината најдобра пријателка Џесика Малруни, Пријанка Чопра, Серена Вилијамс и Амал Клуни.
Сопругата на холивудската актер дојде на специјалениот настан облечена во сатенски комбинезон во црвена боја со црно Шанел капутче, надополнето со нејзините омилени Gianvita Rossi високи потпетици со металик златен врв.
Амал Клуни уште еднаш покажа дека секаде каде што се појавува, и без оглед на приликата, таа секогаш изгледа сензационално, а нема сомнеж дека на момент го украде вниманието на медиумите од славеничката Меган Маркл …