Единствениот преживеан од автомобилот во кој на 17 февруари трагично загинаа Шабан Шаулиќ и неговиот возач Мирсад Кериќ, кумот на фолк ѕвездата Слободан Бобан Стојадининовиќ за српски “Блиц” открил дека во моментот на несреќата Шабан кај себе имал многу пари во кеш, заработени на трите последни настапи.
Имено, во јавноста се појавија шпекулации дека од автомобилот во кој се случи несреќата од Шабан, Мирсад и Слободан биле украдени над 15.000 евра, а кумот на Шабан потврди дека фолкерот имал пари и открил детали од самото место.