Денес во Собранието на Белград ќе се одржи комеморација во чест на Шабан Шаулиќ.
Неговото семејство како и неговите колеги и пријатели пристигнаа да му дадат последна почит на кралот на народната музика.
Меѓу присутните се појави и фолк дивата Цеца Ражнатовиќ заедно со нејзината сестра.
Цеца своето тажно лице го сокрила со очила за сонце, а заедно со сестра и седнале во прв ред веднаш до Брунцлиќ.
Освен, Цеца на комеморацијата се појавиле и Саша Поповиќ со сопругата, Драгана Мирковиќ, Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ, Гоца Божиновска, Дејан Матиќ, Драган Којиќ Кеба….
На комеморацијата ќе зборува кумата на пејачот, пејачката Зорица Брунцлик.
Погребот е закажан во 15 часот.