Пејачката Емина Јаховиќ денес е посебно емотивна, бидејќи нејзиниот син Јавуз го слави својот 7 роденден.
На „Инстаграм“ таа објави фотографија на која нејзиниот син е бебе.
„Таа го сака многу ова момче, повеќе од тоа што се сака себе. Среќен роденден Јавуз“ напиша Емина во описот на фотографијата.
Нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал исто така се огласи на социјалните мрежи честитајќи го роденденот на својот син.
„Нашето бебе денес полни 7 години. Најсладок е од сите. Драг мој сине, среќен роденден. Тато те сака многу“ напиша популарниот пејач.