Радио Милева

Лејди Гага сепак ја раскинала свршувачката поради Бредли Купер?!

Лејди Гага сепак ја раскинала свршувачката поради Бредли Купер?!

Иако првобитно имаше нагодувања и се шушкаше за тоа сдека Лејди Гага (32) ја раскинала свршувачката со Кристијан Карин(50), според пишувањето на странските медиуми тоа излезе дека е вистина.

Веста наводно ја потврдија и лицата одговорни за односи со јавност од тимот на пејачката , а веќе долго се шпекулира дека причината за крајот на љубовта со карин било тоа што Гага кон Бредли Купер чувствувала нешто повеќе од пријателство.

Тие двајцата работеа заедно на филмот „A star is born“, кога се зближија, а Гага на доделувањето на „Греми“ не го носеше свршеничкиот прстен.

фото: Tanjug/AP

Од друга страна, Бредли од 2015 година е во врска со рускиот топ модел Ирина Шајк со која има ќерка.

Се пишува дека убавата манекенка не е воодушевена од нивната блискост со Гага која се случила на снимањето. Што ќе излезе на крај од овие шпекулации во светските таблоиди, останува да видиме…

 

To top