Радио Милева

Возачот кој ја предизвика сообраќајката од чии последици почина Шабан тврди дека не се сеќава на ништо

Возачот кој ја предизвика сообраќајката од чии последици почина Шабан тврди дека не се сеќава на ништо

Возачот на “Мазда” Левент Алсин кој ја предизвика несреќата во која загина кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ и неговиот пријател Мирсад Кериќ, му кажал на  неговиот адвокат дека  не се сеќава на несреќата и дека во шок.

Покрај тоа, се сомнева дека автомобилот што го возел бил украден, пренесува српски Блиц.

Безживотните тела на Шабан и Мирсад се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Биелефилд, а се очекува дека обдукцијата ќе заврши денес.

Во меѓувреме, Алсин Левент, кој е осомничен за несреќа, е во 48-часовен притвор.

Во притворот го посетил адвокатот Јерит Шул, кој им кажал на германските медиуми дека неговиот клиент бил во шок поради се што се случило.

фото:фејсбук , WDR AKTUELL / принтскрин

“Тој ми рече дека не можам да верувам во она што се случи во неделата и тој воопшто не се сеќава на несреќата”, изјави Шул за новинарите во Вестфален Блат.

Тој додаде дека неговиот клиент, спротивно на она што првично се мислеше, има постојано место на живеење во Германија, а поради тоа ќе бара неговиот притвор да биде укинат.

Адвокатот, исто така коментираше и за “сајбер линчот”, од  кој наводно, страда неговото семејство, бидејќи нивните фотографии, се појавија на различни форуми и интернет портали. Накратко коментираше дека ќе “направи нешто со тоа”, бидејќи семејството на неговиот клиент е загрозено.

Тешката сообраќајна несреќа  се случи во неделата наутро во Германија кога возилото “Мазда”, удри на задниот дел на “Сеатот”, во кој  беше Шаулиќ.

To top