Пред четири месеци, поранешниот сопруг на ТВ водителката и пејачка Адријана, хармоникашот, Горан Алачки, во изјава за Свет Австралија упати порака до медиумите, но и неговата поранешна сопруга Адријана која според него презимето Алачки го користи за популарност.
Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам! – порача тогаш Горан, а наедно ја прозва и поранешната сопруга за корекција на презимето преку јавните гласила и социјалните мрежи.
фото:фејсбук/адријанаалачки
Сепак, такво нешто не се случи. Иако поминаа четири месеци од оваа негова изјава, кај Адријана нештата стојат по старо.
фото:инсатграм/адријанаалачки
На социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, Адријана се уште е Алачки, а не Атанасовска.
фото:фејсбук/гораналачки
Инаку, поминаа седум години откако Адријана и Горан се разведоа, а тој сега е во среќна љубовна врска со новинарката Марина Дојчиновска.