Радио Милева кога хормоните ќе зовријат

Хит на социјалните мрежи: Брутална тепачка на две жени, на задното седиште во белградско такси (18+ ВИДЕО)

Хит на социјалните мрежи: Брутална тепачка на две жени, на задното седиште во белградско такси (18+ ВИДЕО)

Видео со прилично брутална тепачка во такси во Белград, кружи по социјални мрежи и предизвикува неверување.

Две жени се тепаат на задното седиште на возилото, додека двајца мажи се обидуваат да ги смират страстите, но ударите, пцовките и клетвите не престануваат.

Никому не е познато зошто жените се степале на снимката што стана вистински хит, иако на социјалната мрежа Твитер се појави следново појаснување:

„Овие две девојки инаку се куми. Оделе заедно во основно училиште и цел живот се дружат. Проблемот настанал кога една девојка од автомобилот отворила менувачница покрај  продавницата каде што работело момчето на оваа, другата. Таа се посомневала дека нешто тука се случува, бидејќи овој менувал секој ден пари, иако курсот таму бил далеку понеповолен. Таа се правела луда, сè до Денот на вљубените, кога тој не ја изнел никаде да ја почести. Кога тој ден поминал таа се појавила кај кумата на работа, и видела дека  јаде плазма што може да купи само во продавницата до неа. Побудалела, но се воздржала, бидејќи таа морала да го сподели таксито со неа кон дома, бидејќи не носела доволно пари со себе. Кога стигнале доволно блиску до станот до кој оттука можела да оди пеш, почнала да ја тепа. И тоа ви е тоа“.

Приказната иако делува доста уверливо, се испостави дека сепак не е точна, туку е измислена, што го призна и самиот оној што ја измислил, па ја постирал на Твитер.

 

Но затоа пак, случката, тепачката и снимката на двете жени на задното седиште од белградското такси е апсолутно вистинита!

To top