Радио Милева

Дарко Лазиќ се врати на местото на несреќата и првпат проговори за кобната ноќ

Дарко Лазиќ се врати на местото на несреќата и првпат проговори за кобната ноќ

Пејачот Дарко Лазиќ претходната година доживеа тешка сообраќјна несреќа во близина на родниот крај.

Во несрќата Лазиќ се здоби со многу тешки телесни повреди и едвај спаси жива глава.Тој долго време оздравуваше во болница и бања каде што беше на рехабилитација.

Лазиќ првпат по несреќата се појави пред камерите и проговори за кобниот ден.

Имено, Дарко беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“  каде отворено зборуваше за несреќата.

фото: принтскрин/јутуб/амиџишоу

Лазиќ заедно со екипата го посетиле и местото каде се случила несреќата.

„Искрено да ви кажам, овде поминав само еднаш, а ова е вторпат. Но, првпат застанав тука. Сега кога излегов ми беше језиво. Не ми е сеедно. Важно е дека е жива главата“ вели Лазиќ.

Дарко исто така истакна дека неговиот татко му објаснил каде точно излетал.

фото: принтскрин/јутуб/амиџишоу

„Единствено што се сеќавам е после 15иот ден, кога се разбудив во болница. Се сеќавам кога се разбудив од кома. Сите кажуваат дека ме посетиле, но јас не се сеќавам“ вели Дарко.

Тој објасни дека првиот месец од оздравувањето му било многу тешко.

фото: принтскрин/јутуб/амиџишоу

„Откако се разбудив од кома, она што ме мотивираше е веста дека воопшто сум жив, но и дека мојата идна сопруга Марина  е бремена. Тоа ме одржа и ми даде мотивација“ вели Лазиќ.

Пејачот во интервјуто истакна дека ова за него било голема лекција и дека во иднина ќе најде возач и не планира да вози.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу.

To top