Радио Милева

Дара се откажа од луксузот: Живее со момчето во стан од 20 квадрати!

Дара се откажа од луксузот: Живее со момчето во стан од 20 квадрати!

Пејачката дара Бубамара конечно е исполнета на љубовно поле и е задоволна со својот емотивен статус.

Таа ужива во врската со своето момче, кошаркарот Душко Буниќ и не крие дека е многу заљубена.

Во српските медиуми веќе некое време се шушка дека фолк пејачката планира да се всели во луксузен стан на Дедиње, но таа тврди дека живее во шума со куќичка од 20 квадрати.

-Задоволна сум, среќна и заљубена…Зошто сега да зборувам за тоа? Знаете каде живеам? Живеам во куќа од 20 квадрати, во шума и среќна сум, со момечето. Ете! Може така? Нека биде мала, имам животни, во шумата сме среќни и исполнети, одговара Дара за српска „Премиера“.

Изгледа дека пејачката само се пошегува и сака да порача дека само љубовта е доволна за среќа.

Foto:Damir Dervišagić

To top