Радио Милева

Модниот свет во тага: Почина кралот на модата Карл Лагерфелд

Модниот свет во тага: Почина кралот на модата Карл Лагерфелд

Легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфелд , кој го носеше епитетот кралот на модата, почина на 86 годишна возраст во Париз.

Оваа тажна вест за славниот дизајнер со германско потекло, е објавена од францускиот “Фигаро” и други медиуми.

Лагерфелд починал утрово во Париз. Вчера бил итно хоспитализиран според списанието. Paris Match.

фото:инсатграм

Роден во 1933 година во Хамбург, а во седумдецениската кариера работеше за модниот бренд “Шанел” и беше креативен директор на модниот гигант. Истата позицијата ја вршеше и во италијанската модна куќа “Фенди”.

“Ројтерс” соопшти дека портпаролот на “Шанел” се уште не ги коментирал информациите, но извор близок до компанијата, ја потврдил неговата смрт.

Освен во оваа улога во Западна Европа тој беше познат и како фотограф и карикатурист.

To top