Ако некогаш сте се обиделе да барате партнер преку некои од многуте апликации за пребарување на “сродни души”, веројатно знаете дека овој процес може да биде многу заморен, бидејќи обично се нудат голем број на имиња од кој треба да се избере некој.
Имено, во најновата епизода на видео серија”Swipe Sessions” која е направена во соработка со апликација „Тиндер“, латино пејачката Џенифер Лопез и помага на 29 годинишна кантри пејачка Брук во морето на предлози за “вистинскиот маж” на „Тиндер“ да го избере оној кој е најблиску до тоа .
Брук, како што рече дека барала маж што може да исече дрва, па Лопез ѝ помага да го намали својот избор, и таа ја советуваше и рече:
“Мажите помлади од 33 години се бескорисни”.
А како што тврди и авторката на популарната книга “What about me“? Стоп за себичност што ја уништува вашата врска” Џејн Грир, вели дека Лопез е во право, особено ако сте во потрага за некој со кого би сакале да се скрасите.
“Еден маж, може нешто да направи во кариерата во раните 30-ти години, а до тогаш ќе има нешто пари и ќе бидат посигурни во себе”, објаснува Грир за порталот Insider, додавајќи дека само тогаш повеќето мажи го остваруваат она што го прават, и стануваат поискусни и успешни.
Секако, ова не значи дека оние кои се во нивните 20-ти треба да се отпишат или, како што пишува Insider објаснува зошто само во почетокот на 30-тите години, повеќето мажи тешко може да се врзат.