Радио Милева

Милица Тодоровиќ откри која колешка и помогнала кога се преселила во Белград

Милица Тодоровиќ откри која колешка и помогнала кога се преселила во Белград

Иако долго време е на сцената Милица Тодоривиќ и понатаму остава впечаток на девојче од соседството, а во една прилика и некои пријатели ја советувале дека треба да се однесува како  „ѕвезда“.

Сепак, младата пејачка е упорна во тоа да остане иста  и гордо истакнува дека потекнува од Крушевац кој го напушти пред неколку години.

„На родителите не им беше сеедно кога заминав. Мајка ми и татко ми плачеа кога заминав во големиот град“ изјави Милица за „Глорија“.

фото; промо/рассрбија

Тодоровиќ на своите 14 години победи во „Ѕвездите на Гранд“  и таа важи за најмлад победник на ова музичко шоу.

„Едно време живеев кај колешката Јована Пајиќ и нејзините родители. Од нив имав голема поддршка. Бев млада и ми требаше време да се навикнам, а овде е различен менталитетот на луѓето“ вели Тодоровиќ и додава:

фото: промо/рассрбија

„Во Белград никој не те гледа, сите си гледаат за себе. Во Крушевац ќе отворивме прозорец и само ќе викневме:

„Соседе ајде на кафе“ и по цел ден куќата ни беше полна со луѓе. Луѓето се многу опуштени и се живее многу побавно, ми недостига тој сосетки однос. Белград е многу урбан и луѓето ме гледаа многу ладно кога се доселив, но се навикнав. Естрада ми донесе многу работи, пред се љубовта на публиката, но и многу ми одзема, пред се времето поминато со семејството и пријателите. Се занимавам со она што сакам и навистина уживам“ вели пејачката.

To top