Во октомври претходната година, Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа по која докторите се бореа за неговиот живот.
Откако одредено време помина во една бања на рехабилитација, Дарко полека оздравува во својот дом, а сега првпат ќе се појави пред камерите во емисијата „Амџи шоу“.
Авторот и водителот, Огнен Амиџиќ ќе ги вгости Сека Алексиќ, Дарко Лазиќ и Радиша Трајковиќ Џани.
Огнен пред емисијата истакна дека го посетиле Дарко во родниот крај и во таа прилика снимиле интересно видео кое ќе биде прикажено вечерва во емисијата.
„Дарко последен пат пред сообраќајната несреќа гостуваше кај мене, па е симболично што прв пат по сообраќајката ќе се појави во емисијата „Амиџи шоу“. Со екипата го посетив Дарко во Брестач,интересно е што заедно бевме на местото каде се случи сообраќајната несреќа, таму се уште има делови од автомобилот. Како Дарко се чувствувал на тоа место, ќе дознаете вечерва во емисијата“ вели Амџиќ.
За потсетување, Дарко наскоро ќе стане татко по втор пат и заедно со свршеницата Марина Гагиќ ќе добијат дете.