Радио Милева

Времето покажа: Дали Марјана Станојковска е бремена или не?! (фото)

Времето покажа: Дали Марјана Станојковска е бремена или не?! (фото)

Во месец ноември од изминатата 2018 година, во медиумите се појави шпекулација дека Лото водителката Марјана Станојковска е бремена, но веста ја крие од јавноста.

Иако тогаш остана воздржана и не сакаше да коментира, да потврди или демантира, времето покажа дека на Станојковска само и извадија муабети.

Тогаш во една прилика пред камерата на ТВ емисијата „Ексклузив“, по ова прашање таа одговори:

фото:инсатграм/марјанастанојковска

-Ајдее Боже. Не коментирам, не коментирам стварно. Ќе останам без коментар и воздржана! – рече тогаш Марјана.

Оттогаш поминаа неколку месеци, а вистината самата си излезе на виделина или не излезе тоа што требаше досега да се покаже- нејзиниот нараснат стомак.

фото:инсатграм/марјанастанојковска

Напротив, Марјана изгледа фит како и секогаш, а на својот Инсграм редовно објавува фотографии од салата за вежбање, од каде го покажува своето соврешено тело и рамниот и затегнат стомак кој воопшто не почнал да наликува на труднички.

фото:инсатграм/марјанастанојковска

Сепак, шпекулацијата ќе беше убава и да беше вистинита, а Марјана да ја доживее најубавата улога во животот на една жена – мајчинството.

 

To top