Радио Милева

Наташа Малинкова доминантна во црвено на убавиот и снежен Пелистер (видео)

Наташа Малинкова доминантна во црвено на убавиот и снежен Пелистер (видео)

Наташа Маликова преку социјалните мрежи на своите фанови и следбеници им ја најавува новата поп и R’N’B балада насловена „Кога не си ти до мене“.

Како што самата вели во „making off“ видеото, песната и спотот наскоро ќе бидат објавени, а дотогаш со најавата на кусото видео и неколкуте фотографии од снимањето, ја заскокотка љубопитноста на публиката.

Велат дека дека тимот кој победува не се менува, затоа и овој пат музиката и текстот, таа му ги препушти на Столе Аврамов, додека аранжманот  и продукцијата се на  Зоран Алексиќ и Столе Аврамов.


Спотот е снимен во винарија Queen Marija во Демир Капија и на преубавиот снежен  Пелистер, каде Малинкова доминира над снежната убавина во црвен впечатлив фустан од модната куќа „Елена Лука“.

Исто така, впечатливи се и кадрите каде таа се капе во када и ја нагласува својата женственост и сексапил.

Режисерската палка овој пат им е  доделена на  Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев и Александар Вајдевски од нивниот тим.

Од снимањето на сцените на спотот се извадени и впечатливи фотографии кои исто така ги потпишуваат Вацев и Вајдевски.

фото:инсаграм/наташа малинкова

 

To top