Шабан Шаулиќ оние што го познаваа одблизу, велат дека бил многу едноставен, народски човек. Не сакал да се експонира, да се фали со она што го има, имал свои стравови, но најмногу од сè не му се допаѓало брзото и лудачко возење, од кое за жал, трагично и настрада.
„Ме убиваат овие мои патувања… На авион во раните утрински часови, а најчесто местото каде што пеам е уште 200 километри оддалечено од аеродромот. И кога ќе слетаме, ќе ме дочека некоја будала која да ми простите, ку*чејќи се што има силен автомобил, ќе легне на гаста“ – пишува српски Курир.
„Аман, човеку, полека, смири се, намали… ионака сум доволно истрауматизиран од летот! Деца не возат, па за да се покажат – летаат… А кога ќе погледнам, што да видам, вози 200 на час, па сто шлога ќе ме стрефат … И кога ќе стигнам во хотелот сум ненаспан, истрауматизиран, очите ми олкави, не ме фаќа сон… Па одам во салата да пејам измрцварен. Нема врска тоа со мојата возраст, иако Бога ми се потешко ги носам годините. Но, со пеењето, ми се чини дека сега пеам најдобро“ – ќе изјави во една прилика Шабан Шаулиќ.
Фото: Телеграф.рс