Наместо матура, ќе подготвува кореографија и ќе вежба пеење – манурантот од Сплит, Роко Блажевиќ е избран да ја претставува Хрватска на Евровизија во Израел.
Роко имаше само 16 години кога во 2017 година, победи во „Пинк ѕвездички“. Година дена подоцна, беше второпласиран на РТЛ натпреварот „Ѕвезди“, веднаш зад Илма Карашмет која ја паметиме од „Икс Фактор“, пренесуваат хрватските медиуми.
Во тимот со кој Роко работи на песната „The dream“ се наоѓа Жак Худек, кој ја претставуваше Хрватска на Евровизија во 2017 година. Ова инаку е првпат уште од 2010 година хрватскиот претставник да е избран на фестивалот „Дора“.
-Надвор од себе сум. Исусе Боже, ти благодам! Се уште не ми е јасношто се случи, се заблагодарум на семејството, пријателите и одделението кои ќе ми ги обравдаат отсуствата, вели Роко, а ќе пее во втората полуфинална вечер на 16-ти мај.