Возачот на “Мазда” кој ја предизвикал несреќата во која загина пејачот Шабан Шаулиќ, прво на полицијата и тврдел дека “Сеатот”, во кој беше пејачот, всушност ја предизвикал несреќата!
Овие неверојатни тврдења биле пренесени од страна на германскиот сајт Iz.de, а пишува српски Блиц. 34 годишниот возачот на автомопбилот од марката”Мазда”, кој бил пијан и управувал без дозвола, тврди дека возачот на автомобилот на смртта ја изгубил контролата над возилото и дека тој не можел да го избегне ударот и да се судри зад нив.”
Во силениот удар, пишуваат германските медиуми, задниот дел на белиот автомобил е згмечен до задното седиште”. И двете возила одеднаш свртеле десно од патот и застанаа еден спроти друг откако ја погодија банкината помеѓу спротивната лента.
Истрагата покажа дека 34-годишниот маж од Гитерсол со неговата “Мазда 6” удри во возилото “Сеат Ибица”, која се движела пред него, а потоа во банкината, пишува lz.de. Шабан Шаулиќ, кој беше на совозачкото седиште, смртно настрада, додека неговиот возач и третиот патник се тешко повредени.
Истрагата откри дека 34-годишниот човек бил под силно влијание на алкохолот и немал возачка дозвола. На возачот на “Маздата” му била извадена крв, и двете возила биле конфискувани за целите на истрагата.
Страшната несреќа се случи вчера утрото околу 6.50 на автопатот А2 во насока кон Дортмунд.