Пејачката Дара Бубамара на својот Инстаграм се огласи по повод смртта на својот колега и пријател Шабан Шаулиќ, а како и останатите и таа не може да верува дека повеќе го нема.
Шокирана сум…Плачам. Го преплакав целиот ден.. вчера цел ден се смеевме, летавме заедно за Виена, пиевме кафе, се испрати до гејтот…Секогаш многу ми значеа убавите зборови од него, од таков пејач и човек каков што е тој. Сите моменти кои ги минавме заедно за мене се само преубави емоции, секогаш ќе паметам како ме викаше „Бубице моја“! Не можам да верувам дека ова се случи. Тажна сум, шокирана и бесна што животот беше вака неправеден кон оној што заслужува најдобро. Сочувство до семејството Шаулиќ, напиша Дара Бубамара.