Радио Милева

Германските медиуми објавија видео од местото на несреќата во која настрада Шабан Шаулиќ, а ја предизвика пијан возач (видео 18+)

Германските медиуми објавија видео од местото на несреќата во која настрада Шабан Шаулиќ, а ја предизвика пијан возач (видео 18+)

По несреќата која се случи на автопатот кон Дортмунд во Германија, а настрада српската фолк леганда Шабан Шаулиќ, се појави и снимка од местото на трагичниот настан.

Според извештајот на германската полиција, возилото од марката „Мазда 6“ удрило со голема брзина во возилото „Сеат Ибица“, а од силниот удар двете возила удриле во банкината на автопатот.

Несреќата ја предизвикал 34 годишен Германец кој по направеното тестирање е утврдено едка бил во алкохолизирана состојба, а немал ниту возачка дозвола.

Во Сеатот каде патувал и пејачот кој седел на совозачкото седиште, патувале неговиот кум и возачот, но од несреќата Шабан добил срцев удар.

Иако во болницата се обиделе да му го спасат животот, на Шабан му откажало срцето.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=61&v=AlwckrCkovY

To top