Регионалните музички ѕвезди и фановите се во солзи, тага, неверување и шок по веста дека кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, трагично загина во сообраќајна несреќа откако пијан возач се удри во возилото во кое беше тој.
Шабан почина во болница во Германија, а по укажаната лекарска помош им подлегна на повредите од несреќата.
Неговите колеги преку социјалните мрежи се простија за последен пат и упатија сочувство до неговото семејство.
-Тешко ми е да прифатам дека ова се случи.Не верувам дека ова го пишувам.Голем, најголем. Горда сум на секоја секунда која ја минавме заедно на снимањата. Голема трагедија и тага.Почивај во мир…не знам што повеќе да напишам, се прости Јелена Карлеуша од Шабан.
Првата асоцијација за детството, за љубов, за татко ми (кој со таа песна се натпреваруваше во разни натпревари за аматерски пејачи), е најубавата љубовна песна на сите времиња и на повеќето, прекрасен глас кој некогаш сме имале можност да го слушаме: “Ајде да остариме заедно”- Шабан Саулиќ. Ние треба да бидеме среќни и благодарни што на сите го одбележа детството, живот, љубовта, страдањата, тагата и радоста, што Бог ни го испрати само за нас својот нереален ангелски глас да не милува и да ги буди сите наши сетила … Подеднакво и неговата душа беше божествена, а добрината, смиреноста и топлите емоции сјаеа од очите … Мислам дека ние, како што минуваат годините и живот незапирливо, сите тајно некаде стравуваме и се прашуваме што ќе се случи со нас кога шоу-бизнисот повеќе го нема Шабан, кој толку совршено ќе ни пее, кога е само еден, испратен од Бога? Сакавме Бог да го поживее, уште малку да уживаме во овој надреален вокал, кој ни остави безброј безвременски хитови … Се чинеше невозможно дека некогаш кралот ќе не напушти. Мислам дека тоа изгледаше невозможно, само затоа што тој е се уште жив стана бесмртен. Еден, најголемиот, Шабан Шаулиќ, обожуван, никогаш не заборавен и никогаш прежален. Најдлабоко сочувство на семејството, со дладоки емоции пишува Рада Манојловиќ.
View this post on Instagram
Otišao je najveći…. Neka Ti je večna slava, dragi Šale. Saučesće porodici… #tuga
-Замина најголемиот…нека ти е вечна слава, драг Шале. Сочувство до семејството, напиша Жељко Јоксимовиќ.
Некаде околу 5:30 случајно се пробудив и погледнав во телефон. Не постои адекватен збор да ја опише состојбата на мојата душа додека читав дека повеќе те нема. Од кога знам за себе, знам и за тебе. Додека како дете седев во ќошот на ресторанот од мојата куќа во Крагијевац, те слушав и учев. па до ден денешен кога пораснав во личност која ја нарекуваше своја најдобра млада колешка. Знаеш, јас скоро никогаш немав трема. Но, тремата и одговорноста која ја имав онаа вечер кога Ти мене ме повика да ти бидам гостин на концертот во Сава центар -е тоа е трема, тоа е почит и за мене голем знак дека тоа што го правам е вистинското и добро! не тгребаше вака се да заврши. Упорно велам дека е важно да се остави трага… А ти остави незаборав во нашите срца! Сега стапот во рака, на чамец и на твојот Дунав во мир! Шабане, нека ти е вечна славата и Благодарам!, се прости и Марија Шерифовиќ.
-Тешко ми е да поверувам, бидејќи легендите не умираат!!!Ја користев секоја прилика да ти кажам колку те почитувам и сакам, но немав доволно прилики. Бескрајно ми е жал и нема зборови со кои би опишала колку сум тажна. Многу се радував на заедничкиот концерт во Љубљана, но…, пишува Драгана Мирковиќ.
-Заслужуваш место во Алеата на великаните… Драг мој пријателе, почивај воп мир меѓу ангелите…Многу ќе ни недостигаш… Најдобриот повеќе го нема, се прости и Цеца од Шабан.
-Збогум легендо, почивајте во мир, напиша и Анастасија Ражнатовиќ.
И Сека Алексиќ се поздрави од колегата.
-Патувај со ангелите, напиша таа.