Радио Милева

Пејачот Владимир Поповски и зет на Наум Петрески заврши на патерици – дедото му дојде во посета (фото)

Пејачот Владимир Поповски и зет на Наум Петрески заврши на патерици – дедото му дојде во посета (фото)

Фолк пејачот на групата „Биоритам“, сопруг на пејачката Анастасија Петреска и зет на Наум Петрески, Владимир Поповски,  заврши со повреда на ногата од која е на патерици и на домашно лекување.

За да не му биде досадно додека е во таква состојба, на посета му дојде дедо Наум со уште неколку пријатели, а бидејќи е познато дека Наум е голем гурман, дружбата не остана без здравица и закуска.

фото:фејсбук/владимирпоповски

Откако Владимир ја објави фотографијата, следбениците и пријателите го прашаа како е и што се случило, но тој не се огласи со одговор за тоа што му се случило и како се здобил со повредата.

Инаку, Анастасија и Владимир пред еден месец и официјално стапија во граѓански брак и се потпишаа во матично, а пејачката на своето презиме го додаде и она на сопругот.

фото:инстаграм/анастасијапетреска

За неколку месеци тие ќе станат родители на нивното прво дете кое открија дека ќе биде девојче.

 

To top