Победничката на „Задруга“, Кристина Киа Коцкар конечно призна дека има ново момче кое го крие од јавноста.
Иако долго време се шпекулира дека е среќна во љубовта, Кристина не сакаше да признае дали има ново момче, но сега конечно одлучи да проговори за тоа.
„Веќе пет месеци сум во среќна врска. Заљубена сум во човек кој не е од Србија.Конечно продолжив понатаму“ вели Коцкар за „Информер“ и додава:
„Тој не е од јавниот свет, нема социјални мрежи и не живее во Србија. Многу е посебен и ме познава одлично. Не му пречи што го кријам бидејќи не сака да се појавува во медиумите. Не може да издржи медиумски притисок. Е сега ако се омажам со него, секако дека нема да можам да го сокријам“ вели Киа и додава дека веќе го запознала со нејзината мајка.
„Ни моите пријатели не го запознаа. Само мојата мајка го виде. Знам дека сега сите папараци ќе ме следат за да не фотографираат, но тоа нема да биде лесно бидејќи тој не живее тука“ вели Коцкар.
За потсетување, Киа победи во „Задруга“ каде нејзиниот поранешен сопруг Слоба Радановиќ ја изневери со Луна Џогани.