Радио Милева тетовирана стварност

Тетоважите на Александра Накова: Правилото на животот испишано  на десното раме? (ФОТО)

Тетоважите на Александра Накова: Правилото на животот испишано  на десното раме? (ФОТО)

Млада, убава, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна… едноставно – неодолива. Таква е една од најубавите модели и жени воопшто во Македонија, атрактивната гевгеличанка Александра Накова.

Убавата бринета остава без здив. Доволен е еден поглед на нејзината совршена фигура, за да да ве полазат морници кои ќе ви ги разбудат сите сетила. А кога волшебната игра на сетилата ќе проработи, се случуваат чудни работи! Неа, од кој агол и да ја погледнете, не можете а да не се возбудите… И немојте да се чудите, ако срцето ви бие со повеќе од 100 отчукувања, зашто со секоја нова фотосесија на Накова ве очекуваат нови изненадувања и возбудувања.

Вака некако во 5-6 реченици можете да ја опишете некогашниот модел и македонска Плејбој зајачица, една од најатрактивните убавици во Македонија.

Но она што мажите кај неа и не го забележуваат баш на прв поглед, зашто погледите им се оправдано насочени на друго место, се нејзините тетоважи. Поголеми или помали, на раката, ногата, колкот, грбот… секоја од нив има свое значење, своја симболика, како и свое место на извајаното тело.

Првата на раката, под  зглобот на десната шака, навидум налик на сонцето од македонското знаме…иако не е тоа.

Втората тетоважа е бочно. Во висина на десната града над ребрата, таму каде што од другата страна се наоѓа срцето и е токму во вид на ЕКГ електрокардиограм… Нејзиниот или нечиј – само таа знае! Како што само таа знае дали во моментов нејзиното срце забрзано отчукува за некого?

Огромната роза на левиот колк е најголемата тетоважа на телото на гевгелиската убавица. Традиционален симбол за љубов, убавина, нескротена стараст…

Змијоликиот прстенест симбол, кој сепак не е змија, истетовиран над глуждот од десната нога е мистерија. Само таа знае што е, што симболизира и зошто е истетовиран токму таму?

Но, она што малкумина го знаат, а многумина можат да го видат само лете, да го прочитаат и протумачат е тетоважата со натписот испишан на нејзината десна плешка: „Луѓето секогаш и онака ќе зборуваат… Па, тогаш приушти им нешто за што ќе зборуваат“. Само скокотлива порака или можеби нејзиното животно мото? Правило, по кое Накова го живее животот или…?!

Како и да е, Накова живее по свои правила, во свој свет во кој не дозволува премногу секој да и ѕирне.

Она што на нејзиниот Фејсбук или Инстаграм профил може да се види е само трошка од него, која гевгелиската убавица ќе ви ја даде?! Толку, колку што  Накова смета дека треба за неа да е знае!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official

 

To top