По повеќе од три години медиумска илегала, Мелита Ракичевиќ во интервју за „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста искрено ја „отвори душата“. Прозборе за разводот со сопругот Соме Ракичевиќ, но откри и детали поврзани со нејзината бурна љубовна врска со младиот битолчанец Виктор.
„Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели, и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер“, откри Мелита.
За Виктор, момчето со ке беше по разводот и заради кое беше толку многу оспорувана пак, кажа дека е љубовта на нејзиниот живот.
„Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме се,пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а се друго ставивме во втор план“, додаде поранешната водителка.
Прозборе и за експлицитните фотографии кои пред две години осамнаа во јавноста.
„Се случи тоа што се случи, но не дозволив тие фотографии да ме уништат. Не се чувствував пријатно кога излегоа, но што е , тука е. Уште не знам кој ги пласираше, но имам некои сомневања. Зли луѓе, зли намери“, заклучи Мелита.
Призна дека не е безгрешна, но и потенцираше дека низ животот секогаш ја водат емоциите, а одлуките кои ги носи ги темели секогаш на она што и го вели срцето.
А во него нејзината 14 годишна ќерка Барбара го има главното место. Таа за прв пат исто така проговори пред камерите за себе, животот со мама Мели, разводот на нејзините родители… но и го демонстрираше својот скриен талент – ангелскиот глас за пеење.
Погледнете го видеото со комлетниот разговор за магазинот „Бекстејџ“ во кој Мелита за прв пат искрено „ја отвори душата“ во јавноста, направано за време на ексклузивната фотосесија на уметничкиот фотограф и режисер, Дарио Јанковиќ.