Еден од најпопуларните филмови ширум светот е „Титаник“ кој и денес е еден од најгледаните филмови.
Главната улога ја играа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.
Меѓутоа, она што е малку познато е дека многу актери одбиле улога во „Титаник“, а некои од нив не успеале да ја поминат аудицијата.
Режисерот сакал ликот на Џек да го игра Ривер Финикс, меѓутоа, овој актер починал.
Улога на Леонардо ди Каприо ја одбиле ѕвезди како што се Том Круз, Бред Пит, Џони Деп, Стивен Дорф. На аудицијата се пријавиле и Кристијан Бејл, Итан Хоук, Метју Меконахи и Крис О’Донел меѓутоа не ја поминале аудицијата
Од друга страна, ликот на Роуз одбиле да го играат Никол Кидман, Гвинет Полтроу, Џина Дејвис, Дру Баримор, Шарлиз Терон, Клер Дејнс, Анџелина Џоли, Роуз Бирн како и кралицата на поп музиката – Мадона.
Исто така, за ликот на Роуз биле споменати и Рис Витерспун, Џенифер Анистон, Камерон Дијаз, Кристин Еплгејт, Џенифер Конели, Рејчел Вајс, Шерон Стоун, Ума Турман, Џоди Фостер, Мини Драјвер, Кетрин Хејгл, Кристина Ричи, Нив Кемпбел, Винона Рајдер, Кејт Бекинсејл…
Погледнете го видеото и кој се одбил да игра во „Титнаник“.