Александра Пријовиќ ужива во својата прва бремност, а наскоро со Филип Живојиновиќ ќе станат родители на нивното прво дете.
Откако е бремена, Прија ретко се огласува на социјалните мрежи, а денес по повод „Денот на вљубените“, пејачката сподели заедничка фотографија.
„Среќен ден на вљубените“ напиша Александра во описот на фотографијата од нивната венчавка.
„Среќни да бидете и секогаш заљубени“, „Поздрав за преубавиот пар“ се само некои од коментарите.
За потсетување, Александра и Филип во јуни претходната година станаа родители, а наскоро ќе го добијат наследникот Александар.