Сопругата на Новак Ѓоковиќ одлучи да проговори за тема која ретко се спомнува во јавност, а се однесува на нејзината поддршка на важните натпревари.
„Често ме прашуваат зошто не одам на сите натпревари и не ги гледам сите негови игри. Единствен одговор е целта“ вели Јелена која е директор на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ и додава:
„И јас имам свои цели понекогаш. Сите ние понекогаш мора да поднесеме некои жртви во текот на патот, а се правиш кога знаеш дека тоа е добро за семејството“ вели Ѓоковиќ за „Стори“.
Таа проговори и за својот сопруг.
„Тој верува во константна работа и усовршување, не дозволува успехот да му дојде случајно“ вели Јелена.