Веста за трагичната автобуска несреќа која вчеравечер се случи на автопатот Скопје-Тетово кај местото Карпалак, ја потресе целата земја.
Емпатијата за 15-мината загинати и оние кои се борат за живот не одмина никого, а социјалните мрежи се преполни со фотографии од свеќи и пораки со сочувство до семејствата на настраданите.
Македонските јавни личности на своите профили се огласија за претажниот ден кој не дозволи да помислиме на ништо друго.
Меѓу нив беа: Каролина Гочева, Тамара Тодевска,Елена Ристеска,Игор Џамбазов, Лила Филиповска и многи други….
-Неизмерна болка и тага чувствувам за изгубените животи во денешната тешка сообраќајна несреќа. Посакувам од срце брза закрепнување на повредените. Моето сочувство до семејствата на починатите, напиша Тамара Тодевска.
-Тажно, тажно…претажно… Сочувство до семејствата!!!, порача Елена Ристеска.
-Вечерва сме сите во мисилите со семејствата на настраданите и повредените во денешната трагедија. Многу, многу тажен ден за Македонија. Примете искрено сочувство – се обрати и Каролина Гочева.
Игор Џамбазов само кратко напиша „ТАГА“
-Нека им е светол патот…нека почиваат во мир. Сочувство на семејствата на загинатите во оваа огромна трагедија, напиша Лила Филиповска.
-Вечерва, Македонија е во црнина…сочувство за семејствата на загинатите…се молам за брзо закрепнување на повредените. Едно сме, пиша Дани Димитровска.
Сочувство до семејствата на загинатите упати и Калиопи „Со молитва за настраданите во денешната тешка сообраќјна несреќа во Македонија. Сочувство до нивните семејства.
View this post on Instagram
Кобна 13ка за сите нас ? 13.02.219 Сочуство до семејствата на загинатите #карпалак #гостивар
-Кобна 13-ка за сите нас. 13.02.2019. Сочувство до семејствата на загинатите, пишува водителката Елена Стефановска.
View this post on Instagram
Многу жално, многу… Искрено сочуство до семејствата на загинатите ??? #гостивар
И Викторија Лоба беше меѓу оние кои изразија сочувство: „Многу жално, многу…Искрено сочувство до семејствата на загинатите.
Слаткар остави фотографија со „емотикон“ од која посака да се помолиме за сите.
-Да се молиме за нашите граѓани-порача и манекенката Катарина Ивановска.
-Искрено сочувство до семејствата на загинатите…Сите позитивни мисли за повредените….Ужасна трагедија- напиша водителката Миа Костова.