Пребарувајќи по албумите често може да најдеме фотографии кои ќе не вратат на годините наназад и ќе не потсетат на нашето детство.
Некои од јавните личности знаат да се вратат на својот најубав период, па често на социјаллните мрежи знаат да споделат постара фотографија од нивниот албум.
Неодамна, на социјалните мрежи владееше нов тренд т.н „10 years challenge“ каде што познатите покажаа како изгледале пред 10 години.
Меѓутоа, Тамара Тодевска неодамна на својот „Инстаграм стори“ сподели фотографија на која е заедно со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, а во описот напиша: „како мали“.
На фотографијата, пејачките се во летно расположение, и додека Тамара има пократка, Дапчевиќ има подолга коса.
Тамара денес е успешна македонска пејачка и неодамна стана мајка по вторпат, односно Хана доби братче. Тодевска оваа година ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“.
Од друга страна, Тијана постојано е на адреса Белград – Скопје, а до неодамна имавме прилика да ја гледа во улогата на Ула во „Преспав“.
Погледнете како изгледале Тијана и Тамара како деца.