Брачно-љубовните бродоломи и турболенции на пејачката од Нови Пазар по се изгледа имаат и ако така воопшто може да се каже, своја добра страна, зашто сето она што го преживуваше и низ што минуваше пејачката, на авторски план и акумулираше огромна инспирација, за својата ранета душа и скршени чувства да ги преточи во музика и стихови кои никого не оставаат рамнодушен.
По прекрасната балада која и ја напиша на Јелена Розга насловена „Мојата пролет“, со која хрватската поп дива растури, Емина Јаховиќ направи за себе уште подобра и поемотивна песна „Волци“, која откако ќе ја слушнете не може да не ве допре.
Неа ја следи и феноменалното видео, во кое Емина се појавува сосема поинаква од она што сме навикнале да ја гледаме до сега.
Со сосема нов имиџ, кој јбез оглед што комплетно ја менува во ликот, мора да се признае дека подеднакво добро, па дури и уште подобро и стои.
Само за неколку часа по објавувањето на Јутјуб видеото имаше стотици илјади прегледи, а коментарите се кој од кој подобар и попозитивен… По теркот на светските ѕвезди.