Иако се уште не е познато дали ќе има продолжение на популарната македонска серија „Преспав“, гледачите со нетрпение ја очекуваат веста дали и кога ќе се стартува со снимањето на ;четвратата сезона.
Актерите кои играат во „Преспав“ дополнително добија на актуелност и популарност токму поради овие улоги, а се почесто можеме да ги видиме на телевизија како гости на интервјуа во емисии на ТВ каналите.
Неодамна, Васил Зафиречев беше гостин во „Живот со стил“, а по тој повод во емисијата тој погледна неочекувана изјава од неговиот партнер во серијата, газда Тони или актерот Игор Стојчевски.
Игор зборуваше дека со Васил се знаат од далечната 1998 година, времето кога се запишале на Академијата за драмски уметности во Скопје каде биле во иста класа.
View this post on Instagram
Она што можеше да се забележи е дека актерот Иготр Стојчевски по завршувањето на снимањата од третата сеозона на „Преспав“ го променил имиџот, односно ја избричил главата и изгледа непрепознатливо.
Ова е новиот газда Тони: