Радио Милева

Дара Бубамара оди на ремонт: Сакам да имам најголеми гради на естрадата!

Дара Бубамара оди на ремонт: Сакам да имам најголеми гради на естрадата!

Дара Бубамара повторно оди на ремонт на силиконите. Пејачката планира да ги извади старите, иако не се дотраени и да стави нови и поголеми за да има најголеми гради на естрадата.

Пејачката пред три години ги зголеми градите, но очигледно и тие и станаа мали, па наскоро ќе оди на операција во приватна белградска клиника.

Го побарала својот хирург кој ја советувал дека така би можела да има проблеми со кичмата поради огромните гради. Но, Дара сака да има најголеми на естрадата и останала на одлуката што побргу да ја направи операцијата. Со оглед на тоа дека настапува по неколку денови во неделата, штом и се намалат обврските, оди под нож, рекол изворот.

To top