Славниот холивудски актер Џони Деп е фотографиран во неделата додека во центарот на Белград снимаше сцена за филмот „Минимата“.
Фоторепортерите на „Вечерни новости“ успеаја да го фотографираат и покрај големото обезбедување.
„Новости“ наведуваат дека во неделата во раните утрински часови се снимени сцени во делот на Косовска улица каде е сместена редакцијата на весникот „Борба“. По пробите со дублерот, на сетот пристигнал и Деп кој е фотографиран додека со својата екипа се договарал околу следната сцена.
Медиумот наведува дека со седа коса и брата, темни очила и баретка на главата, како и неколку килограми повеќе, актерот е непрепознатлив.
Деп е речиси идентичен на ликот кој го игра, прочуениот американски фотограф Јуџин Смит.
Новиот филм на Ендру Левитас се занимава со светската афера за труење на жителите на јапонскиот град Минимата, која Смит ја разоткрива во 1972 година.
Снимањето на филот ќе продолжи во наредните денови во Белград, а потоа екипата се сели во Црна Гора.
foto:Večernje novosti (I. Marinković)