Ноќеска во Лос Анџелесе беа доделени најпрестижните музички награди Греми на кои најголеми победници се Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.
Карди Б (26) влезе во историјата со тоа што стана прва жена која освоила Греми за најдобар рап албум „Invasion Of Privacy“, а беше и на чело на листата најинтересно облечени жени на црвениот тепих.
#teampixel is hitting the red carpet in style. Follow along as @quincy, @jeromelamaar1, and @gilbrtortiz capture their night at the #GRAMMYs on #pixel3 pic.twitter.com/6lu0IEfzyY
— Recording Academy / GRAMMYs (@RecordingAcad) February 11, 2019
Во чекор ја следеше 30-годишната кантавторка Кејси Масгрејвс која ја освои најважната награда – за албум на годинава за „Golden Hour“, а на крајот си замина со четири златни грамофони.
Трета најважна женска добитничка на вечерта беше Лејди Гага која освои награда во категориите најдобар поп дует за песната „Shallow“ која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“, најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“ и најдобра песна напишана за визуелни медиуми.
Congrats Best Pop Duo/Group Performance winner – “Shallow” @LadyGaga and #BradleyCooper #GRAMMYs pic.twitter.com/gxDhixyJDP
— Recording Academy / GRAMMYs (@RecordingAcad) February 11, 2019
Следуваат уште неколку добитници на Греми во популарни категории.
Песна на годината – Доналд Гловер и Лудвиг Горансон „This is America“
Најдобар нов изведувач – Дуа Липа
Најдобар поп албум – Аријана Гранде „Sweetener“
Најдобра денс песна – Силк Сити, Дуа Липа, Дипло и Марк Ронсон „Electricity“
Најдобра рап песна – Дрејк „God’s Plan“
Најдобра рап изведба – Кендрик Ламар, Џеј Рок, Фјучр и Џејмс Блејк „King’s Dead“
Најдобар R&B албум – H.E.R. “H.E.R.”
Најдобра R&B песна – Ларанс Допсон, Џоел Џејмс, Ела Маи и Дижон МекФарлан „Boo’d Up“
Најдобар рок албум – Грета Ван Флит „From The Fires“
Најдобра рок песна – Џек Антоноф и Ани Кларк „Masseduction“.