За нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филиповска не мора да е сезона на одмори, за таа да го спакува куферот и да замине на некоја атрактивна дестинација.
Многупати досега открила дека е голем вљубеник во патувањата, авантурите и стекнувањето нови искуства и впечатоци низ свветот.
Овој пат таа се одлучи заедно со пријателки да замине за Истанбул и да ужива во овој голем турски град каде неколку дена имаше можност да ужива во храната, забавата, знаменитостите…
View this post on Instagram
Откако пристигна во Истанбул, Лила на својот Инстаграм постојано реди нови фотографии и видеа, што од прошетката низ преубавиот Кадикој, музеите, рестораните, тезгите со баклава…
За ова туристичко искуство не пропушти да напише и нешто повеќе во описот на фотографиите.
-Уште еден нов ден полн со многу нови и неочекувани чувства во Истанбул… Сега кога ги знам сите твои најдобри страни, биди сигурен дека ќе се вратам многу брзо. Сонцето ќе остане како денес!- напиша Лила во описот на една од фотографиите.
Нема сомнеж дека за Лила во Истанбул сè било за машала, па со полни очи и срце ќе се врати дома и секако желбата повторно да се врати назад.