Сопругот на Јелена Томашевиќ, популарниот актер Иван Босиљчиќ како млад работел разни работи, но не зошто морал.
Откако во еден медиум на насловна страница се појави дека имал несреќно детство и дека како дете морал да продава сокови на плажа за да не умре од глад, Иван одлучи овие написи да ги демантира на социјалните мрежи.
„Имав среќно детство. Како тинејџер самостојано работев за пари, а не за да преживеам или да го издржувам семејството. Не гледам дека тоа ме издвојува од многу млади кои на тие години работеле во кафуле, на бензиснка пумпа, во трафика…“ напиша Иван.
Исто така, можеби Иван нема да го интеренсираат вакви текстови доколку индиректно не беа обвинети неговите родители.
„Овие невистинити текстови не ме доведуваат само мене во непријатна ситуација, туку и моите родители кои дадоа се од себе на мене и брат ми да овозможат среќно детство. Благодарен сум им на тоа. Верувам дека овој магазин е забуна, а не намера. Поздрав“ напиша актерот.
Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ важат за еден од најскладните парови.