Серина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор одлучија да купат имот во Белград, објави „Ало!“ Бидејќи тие секогаш кога остануваат во Белград, престојуваат во куќата на нивниот татко и свекор Драган Којиќ Кеба, двајцата решиле дека е време да имаат приватност и дека повеќе не сакаат да бидат пречка за родителите на Игор.
Кеба отпрвин бил шокиран од нивната одлука, зашто тој е пресреќен што тие го поминуваат времето во со него, во неговиот дом, па тој се обидел на сите можни начини да ги одврати од намерата, но тие цврсто одлучиле дека е време да се осамат.
Снаата и синот кога му ја соопштиле оваа одлука на Кеба, тој бил против тоа.
Кеба ги замолил да му ветат дека ќе купат куќа во истиот дел од градот каде што живее тој со неговата сопруга, за да биде поблиску до нив. Северина и Игор долго време се смееле на овој негов предлог, но на крајот тие сепак се согласиле со условот.