Радио Милева замрзната убавина

Ќе го препознаете ли ова мало слатко девојченце, денес македонска убавица во вистинска смисла на зборот? (ФОТО)

Ќе го препознаете ли ова мало слатко девојченце, денес македонска убавица во вистинска смисла на зборот? (ФОТО)

Ако убаво се загледате во насловната фотографија на која таае сликана на тригодишна возраст, ќе видите дека основните црти и главниот израз на лицето ги има и денес. Едноставно, она што мајката природа го дала, колку и да се менува со возраста,  е вечна одлика. Младешкиот „бејби фејс“ изглед кај неа пак, уште повеќе придонесува да нема евидентни и драстични разлики во основните црти на физикусот. Заоблените румени обравчиња, изразените крупни и впечатливи зелени очи и истакнатите „гајтан веѓи“ се оние нешта по кои и тогаш и денес нејзиниот лик е препознатлив.

Иако откако се породи, стана мајка и на свет го донесе синчето Вања, таа последнава година работата, поточно, ревиите, рекламите и фотосесиите ги стави во втор план.

Сепак и натаму е во фокусот на интересот и на на социјалните мрежи и на медиумите. Особено откако полека и се враќа на својата професија, по која стана позната кај нас, ама и во светот.

Во моментов Катарина Ивановска одново е на сет. На фотосесија на егзотична дестинација надвор од македонија. Ја работи својата најнова фотосесија на еден од преубавите грчките острови – Парос. Иако времето не е најсоодветно за снимање по куси ракави, работата си е работа. Па како што секоја професија има своја цена, има и своја „колатерална штета“.

Овој пат таа се вика „смрзната убавина“… И тоа во секоја смисла на зборот. И заради временските прилики и заради македонската убавица, во работна атмосфера наспроти нив!

 

 

To top