Држајќи се за рака и во елегантно издание, војовтката од Сасекс и нејзиниот сопруг, принцот Хари пристигнаа на доделувањето на наградите „ Endeavour Fund Awards“
Ова беше прво појавување на Меган Маркл на црвен килим откако заврши нејзината актерска кариера.
За таа прилика се одлучи со несекојдневна комбинација. Белата трудничка кошула ја искомбинира со црно здолниште. Оваа комбинација ја дополни во високи потпетици од познат италијански бренд. Овој модел на обувки чини околу 530 фунти.
Својата црна коса ја собра во пунџа.
Војводата од Сасекс овој пат се одлучи за сиво одело и темносина вратоврска.